ХОЛИДЕЈ – М МЕСТО ЗА НЕЗАБОРАВЕН ОДМОР ЗА ВАС, ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО И ПРИЈАТЕЛИТЕ

Холидеј М е нов хотел на охридската ривиера. Лоциран е на самиот брег на Охридското Езеро во населбата Св. Стефан и располага со сопствена плажа, а од хотелската тераса и балконите на собите се пружа неповторлива гледка на езерото. Лоциран на источната страна од езерскиот брег, плажата пред хотелот е на најсончевиот дел од брегот, а позната е и по спектакуларните зајдисонца кои се гледаат од хотелот и плажата.

Плажата пред хотелот Холидеј М е опремена со лежалки, а персоналот од хотелот ќе Ве послужи со напитоци, кафе и храна по ваша желба на самата плажа.

Плажата пред Холидеј М има и мало пристаниште и тука застануваат бродовите кои крстарат по Охридското Езеро. Доколку доаѓате на одмор во Охрид, тогаш хотелот Холидеј М е вистински избор за незаборавен одмор.